Составен список од 30 „мети“ – уште еден основец се заканувал со масакр во училиште

by Fokus

Група родители на ученици кои го посетуваат основното училиште „9. Мај“ во Сутиван, во близина на Бијело Поље (Црна Гора) денеска одлучија да престанат да ги праќаат децата на настава.

Оваа одлука произлегува од стравот за безбедноста на нивните деца откако дознале дека 13-годишен ученик, според нивните тврдења, се заканил дека ќе убие 30 основци од списокот што тој го составил.

По средбата со директорката на училиштето Милијана Бошковиќ и одделенскиот наставник Драган Машковиќ, родителите апелираа до надлежните институции итно да постапат, нагласувајќи дека училиштето повеќе не обезбедува обезбедување на нивните деца.

Полицијата соопшти дека вчера ги извршила сите потребни дејствија, разговарала со повеќе лица и дека се уште се работи на расветлување на овој случај, информираат од порталот Дан.

Владан Лалевиќ, член на Училишниот одбор, бара привремено затворање на училиштето до темелно расчистување на ситуацијата, со порака дека децата нема да посетуваат настава додека сè детално не се разјасни.

Родителите рекоа дека директорката Бошковиќ им кажала дека разговарала со ученикот и неговите родители.

Според Дан, момчето кажало дека сето тоа се лаги и измислици.

Поврзани новости