418
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат на 4 септември во Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Кремљ потоа објави дека двајцата лидери ќе разговараат за развојот на заемно корисна билатерална соработка и актуелните меѓународни прашања, објави Спутник.
Министрите за надворешни работи на Русија и Турција Сергеј Лавров и Хакан Фидан вчера во Москва разговараа за агендата на идната средба меѓу двајцата претседатели.
Според Лавров, меѓу Русија и Турција има значаен дијалог и за билатералните и за регионалните и меѓународните агенди.
Претходната средба меѓу Путин и Ердоган исто така беше одржана во Сочи на 5 август минатата година.