Соседи се истепале во Куманово: Со чаша го удрил во главата, па го прободил со остар предмет во градите

by fokus

Кумановски соседи се истепале меѓусебно по кратка расправија во текот на вчерашнио ден. Како што пренесува МВР, инцидентот се случил во станот на Н.Д., кој по физичката пресметка завршил со убодни рани во пределот на градите.

„На 02.09.2018 година околу 21,45 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Доне Божинов“ , во станот на Н.Д. (40), додека истиот седел со М.С. (47) и Љ.М.(43) по кратка расправија, Љ.М. најпрво го удрил М.С. со чаша во пределот на главата, а потоа со остар предмет на Н.Д. му нанел две убодни рани во пределот на градите, по што го напуштил местото на настанот. Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, a потоа препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Кај М.С.  констатирана е телесна повреда и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости