Во притвор ќерката која си ги уби родителите и малолетната сестра во Дебар

by fokus

Полицијата поднесе кривина пријава против три лица, кои се осомничени за убиството во Дебар кое се случи минатата седмица.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство  во врска со убиството на  А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во врска со „убиство“.

Б.П., Ф.Г. и В.К. се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа“, велат од МВР.

Порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на полицијата, утрово пишуваше дека извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка.

Неофицијално, откако Б.П. го извршила грозоморното убиство отпатувала за Италија, по што повторно се вратила во Дебар, откако роднините „ја известиле“ за трагичниот настан.

Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 август во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, додека девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.

Сопружниците речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

Тие беа погребани на градските муслимански гробишта во Дебар во вторникот, а до вечните почивалишта ги испратија неколку илјади дебарчани.

Поврзани новости