Адвокатот којшто ја поднел иницијативата до Уставниот суд претседателот да може да помилува осудени за изборни измами е соработник во адвокатската канцеларија на Љубчо Наумовски, познат адвокат од Охрид којшто во процесот „Титаник“ покренат од Јавното обвинителство е дел од адвокатскиот тим на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, двајцата обвинети за изборни измами, дознава НОВА.
Станува збор за адвокатот Ристо Китевски кој, според извори на НОВА, полагал правосуден испит во 2014 година. Ако се суди по неговиот фејсбук профил лиценца за адвокат добил пред три месеци, односно во декември 2015.
Китевски во изјава за Телма рече дека стои зад иницијативата која ја поднел и дека секој има право да поднесе иницијатива до Уставниот суд, доколку смета дека неговото барање е издржано.