Соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по изборите е невозможна, вели Николоски

by fokus

Далеку сме од соработка со ДУИ, за мене лично тоа е затворено прашање – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, Александар Николоски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашан дали ако разликата на изборите меѓу ДУИ и коалицијата на опозициските партии на Албанците е голема, ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли за соработка со партијата на Али Ахмети.

-Не, многу далеку сме од каква било соработка со ДУИ. За мене лично тоа е затворено прашање. Мислам дека соработка помеѓу ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ, велам ова зашто во минатото имало соработка, но соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ мислам дека е невозможна.

Тој не се согласува дека напаѓајќи ја ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, всушност, и го крева рејтингот на партијата на Али Ахмети и индиректно работи против опозициската коалиција кај Албанците.

За можна соработка со Левица и ЗНАМ по изборите Николоски одговара:

„Никогаш не вели никогаш, но со Левица сме многу далеку. Во однос на ЗНАМ како нова партија, имаме соработка во Куманово која е коректна, може да размислиме и за на централно ниво, но повторно, ќе треба да се прифатат нашите принципи и програма“.

Поврзани новости