Николоски: Со добра излезеност ВМРО-ДПМНЕ може да стигне до 61 пратеник

by fokus

Неблагодарно е да се прогнозира, бројот на пратеници многу ќе зависи од излезеноста, но мислам дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе има убедливо најдобар резултат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во изборната единица 4, Александар Николоски, во интервју за ,,360 степени”.

Според него, иако на моменталните анкети ВМРО-ДПМНЕ се движи помеѓу 55 или 56 пратеници, со добра излезност може да оди и до 60 или 61 мандат.

Николоски вели дека постои реална можност излезеноста да биде над 60 отсто, а во средините со доминантно македонско население да оди и над 65 %.

„Во тој случај мислам дека гласовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одат нагоре и тоа експоненцијално – колку поголема излезеност, толку повеќе гласови за ВМРО-ДПМНЕ и тогаш резултатот ќе е тоа што ние го посакуваме и очекуваме, а тоа е можеби и најмногу освоени пратеници за опозција“,рече Николоски.

Поврзани новости