Сопственикот на Лестер бил во хеликоптерот кој се урна, не се знае дали има преживеани

by fokus

Сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер, Вичаи Шриваданапраба се наоѓал во хеликоптерот што синоќа се урна веднаш по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“ непосредно по натпреварот меѓу неговиот тим и Вест Хем, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од семејството на тајландскиот милијардер.

За Шриваданапраба вообичаена пракса била да доаѓа и да си оди од натпреварите на неговиот клуб со хеликоптер.

Според очевидци иако хелкоптерот без проблеми полетал, леталото набргу потоа почнало да паѓа и при ударот на земјата веднаш се запалило.

Врз основа на првичните информации хеликоптерот имал проблеми со задниот ротор.

Властите најавија дека денеска ќе соопштат детални податоци за инцидентот и за бројот на преживеани и загинати.

Поврзани новости