Неисправни сопирачки причина за сообраќајката во „Јасен“ во која загина едно лице

by fokus
Неисправни сопирачки биле причината за вчерашната сообраќајна незгода во резерватот „Јасен“ во која едно лице почина, друго е тешко, а три се лесно повредени, соопшти денеска Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, повикувајќи се на резултатите од извршниот увид.
Според првичните информации, несреќата се случила откако службеното комбе во кое се превезувале петмина вработени во јавното претпријатие „Јасен“. Случајот е пријавен во МВР вчера, во 13:40 часот.

Како што информира ОЈО, по извршениот увид ќе се прави обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Ќе се проверува и сервисната историја, како и претходното одржување на возилото.

Поврзани новости