Сопственикот на “Доказ” осуден на три години и еден месец затвор

by fokus

Сопственикот на порталот, Доказ, Марјан Стаменковски е осуден на затворска казна од три години и еден месец.

Изречена му е и забрана за вршење на професија и регистрација на портал и домеин во рок од 10 години, ако сака да отвори портал во свое име во Македонија. Исто така порталите коишто му се регистрирани во Македонија се укинуваат.

Кривичниот суд го осуди за уцена, пиратерија на аудивизуелно дело,  ширење расистички и ксенофобичен материјал за кои му одреди по една година затвор, односно четири години, со оглед на тоа што последното дело го сторил два пати и кон новинарките и кон свештениците. За злоупотреба на лични податоци е осуден на парична казна од 5000 евра.

Од сето ова одредена му е единечна казна од три години и еден месец затвор.

Судскиот процес се одвиваше зад затворени врати за да се заштити приватноста на оштетените.

Како оштетени се јавуваат новинарки, свештени лица, истражители, една телевизија и уште едно лице.

Судијка во овој предмет е Марија Клетничка-Марковска.

Стаменковски беше приведен на 9 февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои сè уште се вештачат, како и поголема сума пари.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости