Од Турција тргнале четири автобуси. Во различен период ја минале границата со Бугарија бидејќи дел до патниците инсистирале да одат на шопинг.
Ова е причината зошто конвојот се раздвоил и патувал со задоцнување од 20-тина минути и немало кој да му пружи помош на несреќниот со реден број 3, автобус кој изгоре до пепел.
Деталите на обвинителите за кобното патување им ги открил сопственикот на „Беса Транс“ кој бил еден до возачите на вториот автобус, а со себе го водел и семејството во Турција.
Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за Телма телевизија ги истакнува деталите кои на обвинителите за несреќата им ги открил сопственикот на „Беса Транс“.
Всушност сопственикот бил и како втор возач. Кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, по излегување од Турција, а овие биле еден или два автобуси позади нив. Тогаш ми кажа дека тој и сопругата биле во тој вториот автобус, додека пак во четвртиот биле неговите деца, рече Русковска.
Според неа, сопственикот бил видно вознемирен и потресен.
Го прашав дали носеле резервни канти со гориво, вика нема шанси тоа да се случило, вели Рускоска која додава и дека го прашала за патниците дали е можно тие да носеле нешто, но сопственикот бил дециден дека не се случило тоа.