(ВИДЕО) Четири лица загинаа во невреме во Истанбул

by fokus

Екстермно невреме со силен ветер го зафати Истанбул при што загинаа четири лица. Едно лице е странски државјанин.

Во невремето повредени се најмалку 19 лица, а ветерот достигнал брзина и до 130 километри на час.

-Поради неповолните временски услови предизвикани од југозападниот ветер што од утрово дуваат во Истанбул, животот го загубија четири лица, од кои еден е странски државјанин и тројца наши државјани, 19 наши државјани се повредени, а тројца се во критична состојба, се вели во соопштението од Градот Истанбул.

Поврзани новости