Сопственик на куче нападнал малолетно момче на кејот на Вардар

by Fokus

Вчеравечер, жителка на Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од сопственик на миленик, велат од МВР.

„Вчера околу 21:30 часот во Полициска станица Центар, З. Д. (42) од Скопје пријавила дека околу 16:00 часот во парк на кејот на реката Вардар, во близина на угостителски објект на подрачје на Центар, нејзиниот малолетен син, откако неговиот домашен миленик бил нападнат од друг миленик, бил физички нападнат од сопственикот на миленикот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости