677
Во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 вечерва се одвива жестока дебата за случајот „Фени“ помеѓу сопственичката на бугарската компанија Енекод, Нели Беширова, вицепремиерот Кочо Анѓушев и претставници на банките доверители.
Беширова ги обвини банките и вицепремиерот дека тие едноставно не сакале да „Енекод“ да ја преземе „Фени“, иако ги исполниле сите барања и гаранции.
Анѓушев тоа го негираше и зборуваше за тоа како функционира економијата, на што Беширова му реплицираше да не шири демагогија, дан е си прави ПР на нивен грб и да не ги лаже граѓаните.