505
Откако денеска полицијата направила упад на МИТ универзитетот, сопственичката Билјана Апостолова во изјава за 24 Вести вели дека се работи за политички монтиран случај поради нејзините јавно упатени критики кон власта.
Акцијата на полицијата била по наредба на Основното јавно обвинителство, а инспектори од МВР, од Управата за Јавни Приходи и од Министерството за образование, во придружба на наоружани полицајци ја проверувале целокупната документација на универзитетот.
Од ОЈО информираа дека јавен обвинител дал наредба полиција да изврши претрес на повеќе објекти кои им припаѓаат на МИТ универзитетот со цел да се прибават документи и други предмети што би се користеле како докази во кривична постапка.