177
Две лица од Делчево загинаа во сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
“Вчера околу 14:35 часот, патничко возило ‘ауди‘ со делчевски регистарски таблички“, управувано од 60-годишниот Ќ.С. од Делчево излетало од коловозот на експрсниот пат Прилеп – Градско“, се вели во полицискиот извештај.
Од здобиените поврди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.