723
Влатко Илиевски поднесе оставка на функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза, јави Фактор.мк.
„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, известуваме дека со Решение на Централен Регистар на Република Македонија од 03.10.2016 година извршено е бришење на Влатко Илиевски од функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје поради поднесена оставка“ – информираат оттаму.
Станува збор за сопругот на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Илиевски, како поранешен советник во кабинетот на претседателот на Владата е поставен за независен член на одборот на директори на Македонска Берза во 2013 година.