За распуштање на Собранието ќе се расправа на 17 октомври

by fokus 16:34
16:34

Распуштањето на Собранието ќе се најде на дневен ред на собраниска седница закажана за в понеделник, 17 октомври.

Во соопштение од Кабинетот на собранискиот спикер Трајко Вељаноски се вели дека точките за распуштање на осмиот состав на Собрането ќе бидат дополнети на дневниот ред на седницата која е закажана за 17.10.2016 година, после точката која се однесува на усвојувањето на Буџетот за 2017 година.

- Advertisements -

Претседателот на Собранието, како што се вели во соопштението, е уверен дека на овој начин, македонските пратеници ќе успеат истовремено да остварат две суштински цели: прво, да ја исполнат до крај својата обврска да работат до последниот ден во интересот на државата, стабилноста на институциите и непреченото функционирање на системот со носењето на најважниот акт, Буџетот, кој секоја година го усвојуваат претставниците на народот. Второ, да ја испочитуваат преземената обврска за распуштање на Собранието, бидејќи законските рокови во целост и без исклучок дозволуваат тој чин да се направи на 17 октомври за да може да се одржат изборите на договорениот датум на 11 декември.

Вељаноски очекува од пратениците на опозицијата да застанат зад споменатиот план бидејќи, нагласува, така на најдобар начин ќе ја покажат својата посветеност кон преземените обврски од договорите, како и одговорноста кон Македонија.

„За претседателот на Собранието, секој поинаков став на опозицијата, како тој за распуштање на Собранието на 12 октомври, ќе биде оценет како уште еден акт на политичка неискреност и како дел од планот на опозицијата да издејствува ново, трето по ред одложување на изборите“, се наведува во соопштението.

Неговиот кабинет наведува дека одуката е донесена во согласност со договорите што беа водени со посредство на меѓународната заедница.

Поврзани новости