580
Жарко Алексовски сопругот на актуелната директорка на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска за време на локалните избори купил плац со вцртана маркица за градба во атрактивен дел од градот (населба Зелен рид) и тоа по цена од околу 11 евра за метар квадратен, објави порталот Кумановски муабети.
Според порталот ваквите парцели на оваа локација во атрактивната населба Зелен рид во Куманово се движат по пазарна вредност од 100 до 150 евра за метар квадратен. Исто така потенцираат дека иако се одело според закон, односно парцелата е купена по пат на јавно наддавање, сепак потенцираат дека сопругот на Алексовска бил единствен понудувач.