Во белиот дворец пристигнале 8 кандидатури, меѓу нив Ѓорчев и Силјановска

by fokus

Во белиот дворец, односно седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пристигнати се осум кандидатури на кандидати за претседател, меѓу кои и оние на пратеникот Влатко Ѓорчев и професорката Гордана Силјановска. Останатите кандидати засега се чуваат во тајност.

Иако рокот за пријавување заврши, сепак конечниот број на апликанти ќе биде познат најдоцна до вторник, бидејќи дел од апликациите би можеле да стигнат и по пошта.

Кандидатурите ќе бидат разгледани од партиска комисија, која треба да утврди кој од апликантите ги исполнува предвидените услови. Кандидатите потоа добиваат шанса да ја претстават својата програма и визија пред општинските комитети. Победникот ќе го изберат околу 530 делегати на струшката конвенција.

Поврзани новости