Сопругата на Зеленски за бракот: Моментално сме на пауза!

by fokus

Првата дама на Украина, Олена, сопруга на претседателот Володомир Зеленски, во интервју за CNN раскажа низ што минува нејзиното семејство откако започна воената инвазија на Русија врз нивната земја.

Како што појаснува Олена, на почетокот на воените напади, таа воопшто не можела да го види својот сопруг. Тој бил цели два месеци во кабинетот, додека таа заедно со нивните две деца била сместена на тајна локација поради безбедносни причини.

-Ова не е нормално, тоа не е нормална врска, кога децата не можат да си го видат таткото и мораат со него единствено да разговараат по телефон. Затоа нашата врска моментално е на пауза, како и врските на повеќето Украинци.

За среќа, поминаа тие два месеци кога воопшто не можев да го видам сопругот. Сега се гледаме повремено, не често и долго, но барем можам физички да го почувствувам- раскажа Олена.

Таа е во брак со Зеленски од 2003 година, и потекнуваат од ист град. Се запознале на факултет, каде таа студирала градежништво, а тој право.

Осум години биле во врска, пред да стапат во брак.

Вики Клинчарова

Поврзани новости