Државните ревизори направиле 68 ревизии и провериле 12 милиони евра потрошени државни пари

by fokus

Државните ревизори направиле 68 ревизии и провериле 12 милиони евра потрошени државни пари
Во 2021 година ДЗР изврши Вкупно 68 ревизии со кои беа опфатени 136 субјекти биле предмет на ревизија на Државниот завод за ревизија во 2021 година.

Државниот завод за ревизија ја финализираше Годишната програма за работа за 2021 година, доставувајќи го Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2021 година до Собранието на Република Северна Македонија.

Како резултат на извршените ревизии се издадени вкупно 109 конечни ревизорски извештаи, и тоа: 56 извештаи за ревизија на регуларност, 3 извештаи за извршена ревизија на усогласеност, 7 извештаи од извршена ревизија на успешност и 2 извештаи за извршена ИТ ревизија.

Со извршените ревизии утврдени се 1170 наоди и издадени се вкупно 654 препораки. Во текот на ревизиите беа констатирани слабости во работењето на субјектите кои биле предмет на ревизија како и во законската регулатива за кои ДЗР има дадено мислење и препораки за подобрување на состојбите.

Со извршените ревизии во 2021 година опфатени се вкупно 511.923 милиони денари јавни приходи и 236.060 милиони денари јавни расходи. Во 2021 година значително се подобрени и показателите за спроведувањето на ревизорските препораки, односно постапено е за 88% од издадените препораки, што укажува дека придонесот на ДЗР кон заштита на средствата на даночните обврзници е значајна.

Главниот државен ревизор Максим Ацевски во своето воведно обраќање во извештајот наведува:

-Покрај тешкотиите предизвикани од глобалната пандемија од КОВИД-19, Државниот завод за ревизија успеа да ги исполни сите законски услови и рокови за ревизија на работата, зголемувајќи го опфатот на ревидирани расходи во однос на вкупните буџетски средства, а значително се подобрени и показателите за спроведувањето на ревизорските препораки и во исто време зголемена е додадената вредност од извршените ревизии пред се во делот на висината на утврдените помалку пресметани, помалку вратени односно помалку уплатени средства во Буџетот на Република Северна Македонија.

Поврзани новости