Дванаесети ден како нема никаков абер за 26-годипниот Самоил, кој беше киднапиран.
Сопругата на Самоил, Орхидеја во изјава зa Канал 5 , кажа дека имаат сознанија оти возилото со кое бил грабнат, по три дена било пронајдено запалено во Драчево, но очекуваат институциите да им објаснат што точно се случило.
-Не загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг. Меѓудругото колата со која е извршено киднапирањето после три дена е пронајдена запалена во атарот на селото Драчево. Се што беше направено досега не доведе до пронаоѓање на Самоил.
Шпекулирање имаше дека имал проблем, но дома ништо не кажал… Молам да ни се помогне да се пронајде, се молиме дека е жив, кој и да го видел, секоја информација ни е добредојдена, изјави Орхидеја Костадиновски.