Сопругата на Миле Јанакиески денеска се јави со реакција за притворот за нејзиниот сопруг и вели дека тој ниту имал намера, ниту планирал да бега.
-Миле ниту имаше намера, ниту планираше да бега. Од кого да бега и зошто да бега ? Две години Миле редовно се јавуваше и одговараше на секое барање и наредба од судот или обвинителството. Миле не бегаше затоа што е уверен дека е неправедно гонет и дека тоа ќе се докаже во судска постапка. Доколку не пред нашите судови, тогаш пред меѓународните. Вчера со Миле седевме и разговаравме околу последните случувања. Миле знаеше дека одлуката на Груевски, лошо ќе се одрази врз останатите кои се гонат од СЈО, колку и да е тоа неправедно. Затоа и излезе со изјава за медиуми во која изрази несогласување со постапката на Груевски колку и да е таа лична. Најголема радост на Миле му бeа ваквите семејни собирања. Тој никогаш не би го напуштил домот и семејството и навистина е апсурдно и барањето за притвор и образложението на судот. Образложението кое што го добивме се базира на една службена белешка од МВР и ништо повеќе од тоа. Заради таа службена белешка која си ја толкуваат како намера за бегство сега и Михаил и Ангел и Александар и јас треба да останеме сами и да се бориме со стигмата што некој сака да ни ја налепи. Ова не е правда и ние ќе се бориме да го докажеме тоа, вели спопругата на Јанакиески.