3.9K
Сопругата на вицепремиерот Бујар Османи, Валбона, со емотивна порака му го честиташе триесет и осмиот роденден.
На својот Фејсбук профил, таа му порача дека колку повеќе го запознава, толку повеќе го почитува и сака.
,,Ти правиш да се вљубувам во тебе, секој ден, одново и одново! Колку повеќе те запознавам, толку повеќе се зголемува љубовта и почитта. Преку височините и падовите што животот ни ги фрла, преку болест и здравје… Ќе бидеме таму… Среќен роденден на највредниот и паметен човек што го знам, на таткото на моите деца, на мојот сопруг’’ – напишала Валбона, постирајќи и фотографија од Бујар под емотивната честитка која ги разнежи нејзните пријатели.
Бујар и Валбона се свршија по помалку од една година врска, пред околу пет години.
,,Со Валбона ми се случи љубов на прв поглед, веднаш знаев дека таа е жената на мојот живот. Затоа и не сакав да чекам многу, и иако бевме во врска помалку од една година, пред неколку дена додека бевме на викенд во Солун ја запросив. Имаме големо разбирање и љубов, а ако даде Господ планираме многу деца, тие се круна на секој брак според мене’’ – ни изјави тогаш Османи. Во тоа време, тој беше портпарол на ДУИ и работеше како доктор на клиниката за дигестивна хирургија.
Неколку месеци по свршувачката направија голема свадбена забава во хотелот ,,Њу стар’’ во Скопје.
Валбона, која што е дипломиран политиколог и Бујар имаат две деца, ќерка и син.
И покрај тоа е доста интересна за јавноста и се вбројува во најубавите сопруги на наши политичари, таа не сака да се експонира пред јавноста и важи за доста скромна личност, посветена на семејството.
Вики Клинчарова