402
Шеесетгодишен скопјанец се обесил, а затоа во полиција пријавил неговиот син, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.А. пријавил дека неговиот татко Б.А. (60) се самоубил со бесење. Б.А. бил пронајден обесен во остава надвор од куќата од страна на неговата сопруга, која го пресекла јажето и го симнала телото на починатиот на подот. Од страна на екипа од Итна медицинска помош во 13,00 часот била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.