Во Вардар пронајден човечки леш заглавен меѓу карпи

by Fokus

Во реката Вардар вчера бил пронајден човечки леш, заглавен помеѓиу карпи, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес било пријавено дека во близина на с.Сопот, во водите на реката Вардар бил забележан човечки леш, заглавен помеѓу карпи. Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката.

Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата.

Поврзани новости