Сопатничката на Диме Спасов во сообраќајката, земала плата од АВРМ без да доаѓа на работа

by fokus

Тамара Качулска, девојката која беше во автомобилот со Диме Спасов кога тој направи неколку сообраќајки во Скопје и бегаше од полицијата, девет месеци земала плата од Агенцијата за вработување, а воопшто не доаѓала на работа.

Таа е едно од четирите лица кои денеска ги обелодени в.д. директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Качулска била вработена во Агенцијата во февруари минатата година, а веќе во јуни била преземена од АД ЕЛЕМ. За целиот период како вработена во Агенцијата не доаѓала на работа, а на трансакциската сметка редовно и легнувала платата.

 

Поврзани новости