Јавен обвинител не направил увид на местото на сообраќајната несреќа кај Рампа во скопската населба Кисела Вода.
Во записникот до кој дојде НОВА, наведено е дека јавен обвинител не излегол на лице место и настанот го препуштил на увидната екипа.
Од Државното јавно обвинителство за порталот велат дека Законот за кривична постапка дава можност обвинителот сам да процени дали ќе се појави на лице место. Според нив тоа нема да биде пречка за истрагата.
Инаку, 22-годишното момче од Сингелиќ кое беше повредено во сообраќајната несреќа се уште е во критична состојба и се бори за живот. Лекарите од хируршката клиника два дена го одржуваат во живот со помош на апарати. Причината за сообраќајката во која зад воланот на БМВ-то седел Дејан Митровски-Урко, се уште не е објавена.