401
МВР информира дека вчера во 13.40 часот на кружниот пат околу Мавровското Езеро, во Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „матиз“, управувано од 25-годишната А.Н. од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, што го управувал 32-годишниот скопјанец Ф.С.
Во несреќата, мотоциклистот Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
- Advertisements -
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.