Судар меѓу возилата марка „сеат ибица„ и „голф“, двете со скопски регистарски таблички се случи околу 14.45 часот попладнево пред Владата, објави Слободен печат.
Кратко по сударот на двете возила на булеварот „Илинден“, пристигна и брзата помош која им укажа помош на повредените.
Двете возила се со видни оштетувања, а возачите повредени од сударот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила меѓу патнички возила „сеат ибица“, управувано од М.Л., родена во 2001 година и „фолксваген пасат“, управувано од Н.З., роден во 1973 година, двајцата од Скопје.
Возачот од „сеат ибицата“ и сопатникот Л.Г., роден во 2001 година од Скопје, биле пренесени во ГОБ „8 Септември“, каде од страна на доктор им била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди, а возачот од „фолксваген пасат“ бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди.
ФОТО: Слободен печат