Кулеба со критики до германската Влада за спорото испраќање муниција

by fokus

Во изјава за германскиот весник Билд, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Германија да ја забрза испораката на муниција за Украина.

Кулеба вели дека Германија може да испорача многу повеќе муниција, но дека проблемот е во Владата.

Украинскиот министер нагласи дека не очекува испорака на борбени авиони за Украина во блиска иднина, бидејќи тоа е исклучително тешка задача од логистичка и техничка гледна точка.

Поврзани новости