Сообраќајка на патот Делчево-Берово, еден повреден

by fokus

На регионалиот пат Делчево-Берово, во близина на „Црничка чекална“ вчера во 15:40 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Мазда 3“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.В. (60) од Пехчево и патничко возило „Рено Сеник“ со беровски регистарски ознаки, управувано од М.К. (32) од Берово.

Притоа, С.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.

Поврзани новости