Приведени странски државјанки во угостителски објекти во Сараќино и Тетово

by fokus 10:36
10:36

Во акциски контроли на полицијата спроведени ноќеска во угостителски објекти во село Сараќино и Тетово се затекнати и приведени странски државјанки од Србија, Црна Гора и Албанија за злоупотреба на туристички престој и нелегално работење.

Во угостителскиот објект во Сараќино, сопственост на А.М. (36) биле затекнати осум женски лица од кои две државјанки на Македонија, четири  од Србија, една од Црна Гора и една од Албанија. Во угостителскиот објект во Тетово, сопственост на М.Б. (37), биле затекнати  10 лица, од кои шест се државјанки на Македонија, две женски лица од Србија и две лица-гости од  Албанија.

- Advertisements -

– Поради злоупотреба на туристичкиот престој и нелегална работа сите странски државјанки, како и двајцата гости од Албанија,  биле приведени во Полициската станица Тетово, по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости