Сообраќајот на автопатот Штип-Миладиновци, пред Свети Николе, е во прекин од 11:35 часот поради случена сообраќајна незгода.
Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево-Охрид на делот Пресека-Врбјани, денеска од 12:00 до 15:00 часот поради изведување градежни работи (минирање) ќе има привремено затворање на сообраќајот во времетрање од 15-20 минути.
Наизменичен режим на сообраќај има од 11:00 часот на патниот правец Градско-Прилеп, по една коловозна лента поради случена сообраќајна незгода.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.