Сообраќајка кај Расадник, има повредени

by fokus

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода.

Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички.

-Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто биле пренесени во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски, наведуваат од МВР.

Поврзани новости