СОНК ја потврди одлуката – од утре 50 професори и наставници почнуваат штрајк со глад

by Фокус
Од утре советот на Синдикатот за образование и наука почнува со штрајк со глад, како поддршка за тројцата универзитетски професори, кои останаа без работа. Ваквата одлука, СОНК ја донел вечерва, откако пред неколку дена му даде рок на менаџментот на штипскиот универзитет да го решат проблемот со тројцата доктори на науки.
Тоа значи, дека од утре повеќе од 50 наставници и професори кои се членови на раководните органи на синдикатот ќе им се приклучат на професорите. Од СОНК информираат, дека утре во осум часот ќе ги спроведат усвоените заклучоци на седницата на синдикатот, односно започнуваат штрајк со глад.

Поврзани новости