Сончево време со високи температури

by fokus

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец, информираат од УХМР.

Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност.

Температурата ќе се движи од 1 до 22 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер.

Температурата исто така ќе достигне високи 22 степени за овој период од годината.

Според УХМР, до понеделник дневните температури ќе бидат релативно високи, освен во сабота кога во северните делови ќе биде малку посвежо и ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Поврзани новости