Сончево, со температура до 36 степени

by fokus

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. UV=9

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поврзани новости