Сончево со температура до 28 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла.

Поврзани новости