Времето денеска ќе биде сончево со умерена , а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.
И во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.