Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува од 13 до 20, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот денеска изнесува осум.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степени.
Според УХМР, во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 километри на час) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.