Блокади во Слупчане – се палат гуми за да се спречи ЕВН да влезе во селото

by fokus

Со палење на гуми на патот, жителите на село Слупчане го блокираат влезот на екипите на ЕВН. Веста ја објави ТВ 21 со видео објавено на нивната фејсбук-страница.

Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, денес селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН за дел од медиумите го потврдија прекинот во снабдувањето поради неконтролирано и неовластено користење на електрична енергија. Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот за дистрибуција.

-Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти.

Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Се додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот, наведуваат од Електродистрибуција.

И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80%, исто како што беше случајот во скопското Арачиново, а наплатата е само 20%.

Поврзани новости