419
Сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.
Во Скопје и во околината сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 24 степени.
Утре попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник ќе бидат пообилни.