524
Најмалку осум лица загинаа во масовно пукање во американската сојузна држава Тексас, јавува Си-Ен-Ен.
Осомничениот напаѓач, исто така, е убиен во пукање во трговски центар во предградието Ален во Далас, соопштија властите.
Ранети се уште седум лица.
Началникот на градската полиција рече дека полицаецот ги слушнал истрелите, го пронашол вооружениот напаѓач и го „неутрализирал“.
Полицијата евакуираше голем број посетители на трговскиот центар по пукањето.