Сончево и топло време со температури до 25 степени

by Fokus

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала од умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интревал од два до осум Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

За Скопје идентично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските температури ќе бидат пониски, а преку ден ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Од сабота се очекува пораст на температурите.

Поврзани новости