418
Времето денеска ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
УВ индексот ќе биде 8.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 17, додека максималната од 21 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопската котлина времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Денеска и утре времето ќе биде постабилно и значително потопло.
В среда попладне не очекува нестабилно во западните делови локален пороен дожд и појава на грмежи, а во деновите кон викендот ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер повремено и во останатите делови од земјата.