Сончево и топло време со температури до 25 степени

by irena 07:41
07:41

Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 25 степени, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Сепак, ќе има и периоди со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб ветер од северен правец.

„Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени“, велат од УХМР.

И во Скопје ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

„Минималната ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени“, предвидуваат синоптичарите.

И утре времето ќе биде стабилно и топло. Заладување се очекува во среда, кога ќе дува северозападен ветер, кој во одредени делови од земјата ќе достигне брзина од над 70 километри на час. Ќе има и услови за краткотраен локален дожд во западните делови од земјата.

И во четврток ќе преовладува променливо облачно време. Потоа следуваат денови со дожд, кои ќе бидат пообилни во сабота.

Слични вести