2
Во куќа во валандовското село Удово вчера претпладне била пронајдена почината 62-годишна жителка на селото, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот во Полициската станица Валандово бил пријавен на 17 ноември 2026 година во 09:45 часот.
На местото на настанот интервенирал лекар кој констатирал смрт без видливи траги на насилство, додека увид извршила полициска екипа од ОВР Валандово.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата жена е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.