Лекарите се борат за животот на довчерашниот фудбалски селектор на Романија

by irena 22:31
22:31

Легендарниот романски тренер и до неодамна селектор на романската фудбалска репрезентација, 80-годишниот Мирчеа Луческу има сериозни здравствени проблеми и лекарите се борат за неговиот живот.

По серија срцеви удари и мало подобрување на неговата здравствена состојба, најновите вести од Романија зборуваат за ненадејно влошување на неговата состојба, поради што лекарите одлучија да го стават во индуцирана кома и тој е под интензивен медицински надзор.

Луческу беше примен во болница пред една недела откако се разболе на тренинг поради проблем со срцето, три дена откако неговиот тим загуби од Турција со 0:1 во полуфиналето од плејофот за Светското првенство.

Мирчеа Луческу е роден на 29 јули 1945 година во Букурешт. Поголемиот дел од својата играчка кариера го помина во редовите на Динамо Букурешт, а подоцна имаше многу побогата тренерска кариера во која седеше на клупата на своите Динамо Букурешт, Пиза, Бреша, Реџина, Рапид Букурешт, Интер Милано, Галатасарај, Бешикташ, Шахтјор Донецк, Зенит и Динамо Киев, што беше неговиот последен клупски ангажман.

Двапати беше на клупата на романската репрезентација. Првиот пат беше во периодот од 1981 до 1986 година, а романската репрезентација ја презема и во 2024 година.

Беше селектор и на турската репрезентација од 2017 до 2019 година.

Слични вести